Жртвите сами да пријавеле, – ова е пораката на нашите институции за Јавна соба.
На ваков начин се “нормализира” насилството. Општеството и луѓето се навикнуваат на агресијата, и потоа на нејзината патолошка манифестација која е насилството – реагира аналитичарот Ивор Мицкоски, откако, една година по обелоденувањето на групата во која се разменуваат податоци и фотографии од разголени девојчиња, се уште има жртви, се уште има нови објави и активности.

Тој додава:

Не разбирам како во ова општество се навикнавме да не реагираме, да не се побуниме, да не излезат родители или блиски и да кажат крај – ова вака не смее да продолжи. Се однесуваме како агресијата и насилството да се случајни, како позади нив да не стојат живи луѓе, како наспроти нив да не страдаат вистински жртви. Очигледно е дека насилството навлегло во секоја пора на нашето постоење чим до овој степен сме отрпнале.

Жртвите сами да пријавеле, – ова е пораката на нашите институции за Јавна соба.
На ваков начин се “нормализира”…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 27 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.