Рибите се превртеа на грб, а Вардар стана флуоресцентен од еколошките мерки на власта, коментира на фејсбук Ивор Мицковски, новинарот и аналитичар откако вчера прво беше забележан помор на рибите во реката Вардар, а потоа кај населбата Јурумлери Вардар пожолте.

Од кога централната и локалната власт се пофалија на еколошки мерки и почист воздух, рибите се превртеа на грб, Вардар флуоресцентен стана, а мерењето на воздухот и ПМ честици покажуваат рекорди за септември месец. Доаѓаат тешки 6 месеци. Ништо не направивте во три години за воздухот и животната средина. Ај, во следниот мандат, коментира Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.