Ивор Мицковски на својот фејсбук профил го коментира однесувањето на членовите на  ДУИ.

Нема кај Али и Груби извинувања до небо.
Нема кај Садику чист воздух, Швајцарија ли е ова.
Нема кај Бујар, Теута, Али, Груби, Садику и остала криминална банда извини дечки.
Они зимаат, лапаат, крадат, пукаат, тепаат полицајци, уништуваат животи, и нема тука извини дечко.
Само дрско, и кога се слави се слави како они сакаат, пошто само они се на светов, другите не се прашуваат.
И кога другата криминална страна прави што сака, краде кај сака, зарем ДУИ помалку заслужува.
Разликата е само во тоа извини, кое да бидеме искрени не значи ни пет пари, па дури е и иритантно.
Така да подобро е можеби вака, никад извини од ДУИ, иако овој народ и држава простија 30 години невиден криминал, напиша Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.