Ивор Мицковски на фејсбук напиша:

Заев: Владата ќе биде мртва ако не добиеме датум.
Е ова е идиотизмот кој прави штета повеќе и од ВМРО, и од странски агенти, и од Русија била или Кина.
Датумот го врзавте со иднината на оваа влада, го инкарниравте европскиот пат само и единствено во својство на егзистенција на вашата влада.
Наместо да работите на општодржавен и политички консезус околу европските интеграции, вие мислите само на вас и вашите политички кариери.
И така ја извртивте работата – наместо владата и политиката да работи во функција на датум и ЕУ интеграциите, направивте датумот и ЕУ да се гледаат единствено низ призмата на оваа влада и вашата политичка егзистенција.
Епа тоа дечки беше политиката и наративот на ВМРО 11 години, само во националистичко и автархично својство.
Ало, и служите на оваа земја во обид за некаков напредок, свесни дека треба да оставите простор и за институционален и политички континуитет, не да се издигате до политички хегемон и стабилизатор без кој не се може.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.