Доаѓањето на лекот „ивермектин“ во Македонија беше најавено бомбастично, но денеска како бомба одекна информацијата дека најавите на минстерот Венко Филипче се лажна вест.

Иако Филипче објави дека лекот „ивермектин“, кој помага во лекувањето на ковид-19, од денеска се наоѓа во аптеките, лекот го нема. Засега, може да се најде само во дежурните аптеки на „Зегин“ („Буњаковец“ и стара Градска болница) во Скопје.

Дека тоа не е точно, предупреди и матичниот лекар Ненад Лазаров.

На социјалните прежи, од друга страна, матичните лекари се консултираат меѓусебе како се пропишува лекот и како се дозира.

И д-р Лазаров објави, но и други матични лекари потврдуваат дека не добиле допис од Фондот.

Од трета страна, пациенти се жалат дека не можат да го добијат лекот од матичните, а оние кои добиле рецепта, дека не можат да го најдат во аптеките.

И од Министерството за здравство истакнуваат дека овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или од лекар специјалист, може да се употребува во домашно и болничко лекување и да се земе превентивно, но исклучиво со лекарска препорака, доколку некое лице било во контакт со ковид-позитивен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.