Вицепремиерот Николовски со дискрециско право си избра член од ДКСК во работна група за дискрециските овластувања, открива првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа во интервју за „МКД.мк“ објаснува аконската корупција позната како „сѐ е по закон“ е длабоко вткаена во општеството.

(фото: СДСМ)

– ДКСК писмено побара да номинира член во работната група. Но, во одговорот што го добивме од вицепремиерот Николовски стои дека согласно владиниот заклучок тој има дискреционо право да формира свој тим со експерти кои ќе работат на прописите за дискрециони овластувања. Тоа значи дека генералниот секретар на ДКСК е член на работната група по избор на г-динот Николовски, а не како номиниран член од страна на ДКСК-вели Ивановска за „МКД.мк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.