Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска на денешниот брифинг по повод 9 Декември – Меѓународен ден за борба против корупција кажа дека несериозно биле сфаќани сите препораки од странски фактори и затоа доаѓа тим од Вашингтон за да изврши увид во корупцијата.

– Во наредниот период ќе се расчистат сите овие дилеми зошто и како се дојдени, за нас е поразително бидејќи не сме си ги завршиле сите домашни задачи, истакна Ивановска и додаде дека за високата корупција ќе биде тешко да се искорени, но ако се има искрени намери оптимистична е дека може да се промени нешто.

Ивановска вели дека како сериозен кандидат за влез во Европската Унија, Македонија има проблем со правосудниот систем и потребно е да го реши тој проблем, а Американците го поддржуваат тоа.

– Тие ни даваат на некој начин поттик и помош да го надминеме тој проблем и полесно да зачекориме кон европскиот пат, изјави претседателката на ДКСК.

Во однос на тоа дали ќе имаат средба со тимот од Вашингтон, Ивановска истакна дека сè уште немаат точни информации дали воопшто ќе остварат средба со нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.