До Државната комисија за спречување на корупцијата на три дена од почетокот на изборната кампања за претстојните локални избори пристигнале 21 пријава за евентуални злоупотреби на Изборниот законик и прекршување на изборните правила.

Девет од пријавите се за општини, шест пријави се за незаконско постапување на одговорни лица во училиштата и пет пријави за можни злоупотреби во државни институции. Една од пријавите е и за предвремениот старт на изборната кампања, пред официјалниот почеток, информираат од антикорупциска.

Ивановска на преs-конференција рече дека ќе побара од Владата одговорност за министрите од ДУИ, Бујар Османи и Насер Нуредни кои за работно време имале партиски активности и се возеле со службени возила

Директорката на државната антикорупциска комисија пак, Билјана Ивановска, потсети на почитувањето на изборните правила, односно ги истакна активностите кои не смеат да се извршуваат за време на изборната кампања, како што се се одржување јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од буџетот или од јавни фондови, како и други активности кои се забранети во текот на кампањата.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, а од Антикорупциската комисија најавија дека во сите 46 општини вкупно 16 набљудувачи ќе ги следат изборните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.