Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Републичкиот судски совет (РСС) ќе прават список на судии чија имотна состојба ќе биде испитувана.

Ние не најавивме ветинг во целина. Рековме дека ќе посегнеме до каде што е нашата надлежност, а тоа е испитување на имотната состојба. Со оглед дека станува збор за голем број судии, 600 – 700, апсурдно е да се занимаваме со сите. Работиме на методологијата за избор на примерок заедно со Републичкиот судски совет (РСС) кој треба да ни ги достави податоците по што, всушност, ќе утврдиме кои судии ќе бидат предмет на нашата работа, изјави Ивановска, одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција”. Ќе направиме список од судии и обвинители на кои ќе работиме. Ги дефинираме чекорите со РСС. Имавме средби изминатиот период, се договаравме околу критериумите и поставивме неколку основи како репер. Сега ги чекаме податоците од РСС, кај и да е, треба да стигнат. За сите документи што ги бараме има 15 дена рок за доставување. Нашата намера е во првата недела од февруари да излеземе со годишниот план. Се надеваме дека ќе успееме во тоа, изјави претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.