Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешната прес-конференција одговори на новинарско прашање, што разговарал на средбата со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и дали порашениот генерален секретар на Владата на Република Македонија Кирил Божиновски илам средба со него.

Кирил Божиновски ниту се јавил, ниту дошол на средба. А Миле Јанакиески заедно со Пешевски дојдоа со една иницијатива која беше во прилог на релаксирање на односите, односно помирувањето во државата и подоцна тоа излезе во јавноста како апел. Тој само дојде да се консултира со мене како со претседател на државата, изјави Иванов.

Кабиенетот на претседателот веќе демантираше дека имало средба на која Јанакиески и Божиновски барале амнестија од претседателот, преку посредник, а откако не ја добиле, планирале бегство.

 

Со ова се потврдува политичкиот прогон и реваншизам од страна на судските органи врз поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Судиите наместо правни, повеќе од очигледно е дека носат политички одлуки по притисок на владата на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.