Емини Џелал Омер, Реџепи Мухарем Бујамин, Фета Нејази Семир, Саљихи Фихат Сељадин ќе добијат медали за храброст од претседателот на државата Ѓорге Иванов зашто како професионални војници кои помогнале при извлекување на настраданите патници од автобусот на „Дурмо-турс“ кој се преврте кај местото Ласкарци, објавено е во „Службен весник“.

Во објаснувањето на потпишаниот указ пишува дека медалите се доделуваат за „покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност со лично залагање како професионални војници и припадници на Армијата на Република Македонија, придонеле за навремено укажување на помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа што се случи кај селото Ласкарци, на патниот правец Скопје-Тетово“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.