Завршија изборите и се избра претседател. Мандатот на сеуште актуелниот претседател завршува во недела на 12 мај.

Оние кои добија претседател, прославија за него. Оние кои не добија, го прославија резултатот кој на следните парламентарни избори ги прави извесни победници.

Циркусот наречен кампања заврши. Многумина се дома и на работа, но не и сите. Поради политички прогони стотици се неправедно во затворите и притворите, или се по судови со извесност дека исто така неправедно наскоро ќе им се придружат на првите или во друга форма на политички прогон. Голем дел од нив сè уште се надеваат на правична интервенција на претседателот Ѓорге Иванов пред неговото заминување.

Прво, таков потег направиле многу претседатели во светот.

Второ, ретседателот е свесен дека најголем дел од овие луѓе или не се виновни или имаат далеку помала вина, но со политичка одлука судот им дал погрешна квалификација на делото со цел да добијат многу високи затворски казни, кои не ги заслужуваат. Ако судот правилно ги квалификуваше нивните прекршоци, досега ќе имаа одлежано казната.

Трето, големата меѓународна акција заради која и се случија апсењата беше заради правење услови и атмосфера за промена на името. Тоа е зад нас.

Четврто, Иванов има законски и уставни ингеренции да го прекине гонењето, но и морална обврска како човек и како претседател.

Петто, затоа што тие се уште веруваат во него дека е правичен, дека е храбар и дека е патриот.

Во следните 5 дена поддржувачите на Иванов ќе дознаат дали ги изневерил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.