Ивана Хаџиевска, која до пред извесно време беше во протоколот на премиерот Зоран Заев, повеќе не ја извршува таа функција, туку е советник за меѓународна политика, велат од Владата.

Советничката Ивана Хаџиевска Кошевалиски не е разрешена туку има промена во делокругот на нејзиниот ангажман. Таа е ангажирана како советник за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации. Лице задолжено за протокол во кабинетот на премиерот е Елена Ласло, велат од Владата за Пресинг ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.