Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов го оствари своето избирачко право во неговата населба Ново Село. По гласањето порача дека посакува фер и демократски изборен ден.

Искрено се надевам дека граѓаните во масовен број ќе излезат и со пенкало во рака ќе се исправат пред неправдите и ќе ги направат промените. Од информациите, коишто доаѓаат до нас, во текот на вчерашниот ден се правени притисоци и обиди за поткупи, па затоа ја користам оваа прилика, да ги повикам сите мои сограѓани. Почитувани, мои сограѓани ова е моментот кога вие одлучувате и парите и поткупот, којшто ви се нуди, тоа се ваши пари, коишто се украдени, земете ги. Но, на крајот од денот вие сте сами позади параванот, со вашето ливче, вие ја носите одлуката, изјави Јорданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.