Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип ќе биде актуелниот пратеник, Иван Јорданов.

како што пишува поратлот „Брегалнички.мк“, Јорданов ја добил довербата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ како човек кој ужива голема доверба меѓу штипјани и е подготвен да работи за доброто на сите граѓани на општината во наредните четири години како Градоначалник на Штип.

Од редовите на владејачката СДСМ кандидат за градоначалник ќе биде актуелниот Сашко Николов, кој беше избран лани на вонредните избори во време на пандемијата, на кои не настапи ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.