Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи се сретна со амбасадорот на Република Италија Карло Ромео на која, како што соопштуваат од Министерството за труд и социјала „уште еднаш беа потврдени врските коишто ги соеднуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Италија на нашиот еврионтеграциски процес“.

Всушност Република Италија отсекогаш била еден од нашите главни поддржувачи на патот на интеграција кон Евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес. Во таа насока, амбасадорот Ромео рече дека двете земји имаат значајна традиција на соработка на политичко, економско и културно поле, како и на цврстите билатерални врски окарактеризирани со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво. Тој ја потврди и поддршката на процесите во  Министерството за труд и социјална политика кои се во правец на унапредување на системот за социјална и детска заштита.

Министерката Мизрахи рече дека двете земји се поврзани и со успешно спроведување на  Договорот за социјална сигурност потпишан меѓу двете земји во 2014 година кој меѓу другото вклучува задолжително пензиско и здравствено осигурување. Договорот се применува на граѓаните од двете држави и е од ислкучително значење бидејќи им дава сигурност на граѓаните кои престојуваат во другата држава.

Заедно констатираа дека односите помеѓу нашите две земји се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.