Основното јавно обвинителство од Тетово води истрага против тројцата државни функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 33 од Кривичниот законик објави порталот Факултети.мк.

Се води постапка против тројцата државни функционери за злоупотреба на службената положба и овластување. Предметот е во фаза на предистражна постапка – вели во изјава за поралот обвинителката Драгослава Поповска.

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе пријава до Управата за финансиска полиција за тројцата функционери, за кои тврди дека добивале хонорари од Тетовскиот универзитет за настава додека работните места им биле во мирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.