Српската фирма „Корковадо“ демантира дека министерството за одбрана од кај нив купило поскапа машина „Грејдер“ од таа што се нуди и продава во Србија. Оттаму велат дека  се работи за различни машини иако на прв поглед изгледаат идентично.

„Грејдерите“ во Македонија се продадени за помалку од 197.000 евра по парче без ДДВ.Вашите имаа влеча на предната осовина и само тоа чини 40.000 евра. И моторите се посилни  и имаат сила од 164 kW, како и германски менувач и пливачки од-се наведува во дел од соопштението на фирмата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николоски во дебата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, рече дека е направен криминал тежок половина милион евра во минситерството за одбрана.

Според него, машина „Грејдер“ била набавена од страна на министерката за двојно повисока цена од онаа која истата фирма ја продава во Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.