До крајот на април истекува рокот од шест месеци за затворање на истрагата, по што треба да биде познато дали ќе поднесе обвинение протв.директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, објави „Фокус“.

Финансиската полиција на крајот на октомври поднесе кривична пријава против четири лица, вклучувајќи ја Димова, кои се осомничени дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543, пари на агенцијата Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Кривичната пријава е поднесена и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски, грантист на НАЕОПМ, А.Г., надворешен советник и А.П., благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Четворицата се осомничени за кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама на штета на средства на европската заедница, Соизвршителство и Несовесно работење во службата.

Владата на 20 октомври му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, поради, како што кажаа од Владата, неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.