Рокот на УНЕСКО за спроведување на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион денеска заврши заедно со инспекцискиот надзор кој беше спроведен изминатите денови. Извештајот е веќе испратен во централата во Париз, а во него е истакната посветеноста на надлежните и билатералната соработка со Албанија.

Превземени се мерки со инфраструктурните проекти, националниот парк Галичица, санација на најклучните точки на колекторскиотс систем до мај и нема излевање на Охридското езеро“, рече Едмонд Адеми, претседател на националната комисија за УНЕСКО.

Од Охрид СОС пак велат дека владата привидно прави нешто, а во реланоста не е исполнето ништо од наложеното тие и понатаму на став дека охридскиот регион треба да се стави на листата на загрозено светско наследство бидејќи само на тој начин ќе се добие потребната стручна помош и средства за справување со проблемите.

Тричлена комисија на УНЕСКО престојуваше во работна посета на Македонија и на Охрид, со цел да направат увид во спроведените активности на терен и да дадат оценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.