Премиерот Зоран Заев и денеска на судењето против новинарот Зоран Божиновски ја повтори испобраната техника и глума-секогаш кога е фатен во лага или не знае што да каже да ги користи најблиските.

Па така Заев или ги споменува децата, или се колне во жицата македонска, а најчесто ја става раката на срцето.

Во такви моменти повеќе од сигурно е дека не ја говори вистината или пак се обидува да манипулира злоупотребувајќи ги сопствените деца.

Kога вашите деца се исправени да ве прашаат зошто некој ве кажува дека сте дел од рекет акција, дека сте во криминална група дека правите штета во милионски суми во државата, дека сте капут, ги поминува сите граници и треба да поднесете тужба, рече Заев.

Ова не е прв обид за Заев да го “фати“ народот на емоции, спомнувајќи ги своите деца.

Така, пред само неколку месеци изјави дека кога медиумите пишувале лошо за него, неговите деца плачеле.

Неговиот брат Вице пак пред еден месец изјави дека нивната мајка плачела кога на утринските емисии зборувале лошо за Зоран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.