Министерството за образование и наука денеска соопшти дека се исплатени ученичките и студенските стипендии за мај годинава.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, веќе ги добија средствата на своите сметки, информира МОН.

Оттаму најавуваат дека ќе продолжи редовната месечна исплата на ученичките и студентски стипендии воспоставена на почетокот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.