Исмајлоска-Старова: За да станеме пратеници, ВМРО-ДПМНЕ бараше да кажеме дека ќе гласаме за промена на името

Услов да се биде на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2014 година беше да се прифати да се гласа за промена на името – вели пратеничката Нола Исмајлоска-Старова во интервју за 360 Степени, која беше исклучена од партијата откако гласаше за Договорот од Преспа.

Во 2014та кога бевме побарани за кандидати ни беше поставено прашањето дали сме спремни да гласаме за промена на името. Тоа беше услов. Јас одговорив потврдно, рече Исмајлоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.