За законот за јазиците први иницијатива до Уставниот суд доставија од движењето „Левица“, пред 8 месеци. Тогаш го спореа начинот на кој беше донесен, со, како што велат од движењето, договор меѓу владејачките коалиционери ДУИ и СДСМ, со грубо кршење на сите процедури. Сега, забелешките од Венецијанската комисија според „Левица“ се незрели.

Венецијанската комисија нема чувство за политичките моменти во нашето општество, во контекст на сегрегацијата што ќе ја направи овој закон. Да, таа има забелешки, но апсолутната некритичност на надворешните институции од овој тип е политички штетна и незрела за нас. Има многу повеќе негативни моменти што може да ги предизвика законот од тоа што Венецијанската комисија го забележа. Имено, Законот за двојазичност има обратна логика од она што власта се обидува да го претстави. Односно, Заев имаше една изјава дека законот е направен за подобро разбирање, а во суштина – обратна е логиката: законот за двојазичност дополнително, систематски го сегрегира општеството по етничка линија – вели Реџеп Исмаил од Левица за „Алфа“.

Пред десеттина дена тие доставиле ургенција до Уставен суд оти 8 месеци молк за прашање од ваков интерес е надвор од сите стандарди.

Уставниот суд молчеше за законот за јазици, веројатно заради тоа што е под директно влијание на власта. Инаку законот има апсолутно националистичка идеја, односно е обид ДУИ да претстави пред албанаските гласачи дека се бори за некаква нивна правда, и да, во право е Заев џабе е било каков закон ако нема економска и социјална правда – вели Исмаил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.