Екипата на Инфомакс вечерва била повторно нападната додека на терен регистрирала прекршување на предизборен молк.

Уредникот Митовски вели дека вечерва им е искршена камерата со која снимале.

„Ако на некој досега не му беше јасно со каков хибриден режим се соочуваме во Македонија, верувам ќе ви стане јасно вечерва. Откако во текот на вчерашниот ден екипата на Инфомакс во Прилеп беше задржана, приведена и претресувана во полициската станица во Прилеп по пријава на наводно инспекторката за наркотици, инаку блиска пријателка на уапсениот началник на ПС Прилеп Чипси, кој што беше фатен со 200 килограми дрога од страна на американската агенција за борба со дрога (ДЕА), вечерва повторно екипата на Инфомакс во Прилеп во главниот штаб во градот е нападната и нивната камера е искршена“. – истакна Митовски.

Митовски посочува дека се обидуваат да ја вратат снимката од настанот за да се покаже причината поради која е искршена камерата.

„Се обидуваме да ја вратиме снимката од настанот за да можете да видите што точно се случило, но од она што можам да ви го кажам, е дека, екипата на Инфомакс се обидела да сними дека се прекршува предизборниот молк во Прилеп, и тоа во главнен штаб на политичка партија во градот. Се прекршува предизборниот молк, се обиделе да ги прашаат присутните што прават таму и дали се свесни дека прекршуваат изборен законик и прават кривично дело, кои што биле нападнати и била искршена нивната камера. Во моментот екипата на Инфомакс во полициската станица во Прилеп каде што го пријавија настанот. Овој настан како и вчерашниот ќе биде пријавен до сите меѓународни институции, ќе биде пријавен до ОБСЕ, до сите меѓународни новинарски институции, до сите амбасади и претставништва на меѓународни организации во државата.Се надевам дека оваа власт конечно ќе вразуми и ќе почне да функционира онака како што ветуваше на изборите во 2016 г-2017 г, па и лани“. – вели Митовски.

Тој најави дека остануваат вечерва на терен и ќе регистрираат секаде каде што се врши поткуп.

-Јас од Охрид директно се упатувам во Прилеп, па да видиме кои се тие големи фраери од штабот и му порачувам на кандидатот кој што се шеташе низ Прилеп, да ме почека таму во Прилеп и да се видиме, да поразговараме кој ја дал наредбата да се тепаат новинари кои што нормално отишле да прашаат што се случува во Штабот и дали се свесни дека прават кривично дело“. – потенцираше Митовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.