Синоќа е искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица испишана на македонски, албански и англиски јазик, која неодамна беше поставена.
На местото на настанот увид врши полицијата, а до парчињата од таблата може да се забележи камен, со кој најверојатно е искршена.

Според директорот на Завод Музеј-Струмица, Ацо Манински, таблата во саботата вечерта била испрскана со спреј, а кршењето е извршено синоќа.
Информира дека во непосредна близина на таблата постои заедничка чуварска служба, која вчера пријавила дека таблата е испрскана со спреј, но не е забележано кршењето на плочата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.