Момчето кое вчера за малку ќе се удавеше скокајќи по крстот, пропаднало во жива кал. Нему не му се слошило, како што првично се мислеше. Како што објави Досие.мк на ова место во Ранковачка изутрината била ископана дупка со багер со што бил растресен мил, односно земјата која е на дното од реката и е како леплива кал. За кратко по растурањето влажната земја легнала на дното но таа тогаш станува многу опасна. Кога ќе се стапне на таква земја таа едноставно влече надолу и прави нозете на човекот да станат имобилизирани. Го влече целото тело и поради блокадата на нозете почнува да тоне.

Токму ова се случило и со момчето. Со нозете го допрелло дното, а милот почнал да го влече надолу. Го фатло паника, а токму паниката уште повеќе е причина за тонење во водата. Додека другите околу сфатиле дека нешто не е во ред со оглед на тоа дека се се случувало во неколку секунди, токму во моментите на фаќањето на крстот, човек од публиката забележал дека момчето се дави. Луѓето во водата се стрчале да му помогнат, но човекот од публиката бил побрз, облечен скокнал во реката и го спасил момчето.

На видеото се гледа дека на тоа место едно од момчињата застанува на нозе и е плитко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.