Од она што го слушнавме при образоложението на пресудата за случајот за т.н организатори на настаните од „27 април“ не може да се одбегне фактот дека исказот на Александар Василевски-Нинџа беше клучен за казната што ја добија обвинетите.

Но, токму Нинџа неколкупати го смени исказот, а не ја говореше вистината дека на критичниот ден во седиштето на партијата. Вештакот исто така со вештачење на двата мобилни телефони на Нинџа докажа дека тој само се доближил накратко, но не и дека бил внатре.

Нинџа исто така беше омилениот сведок на обвинителката Вилма Русковска која обвинението го темелеше токму што тој го кажа и во судницата но и во Обвинителството.

Адвокатот Еленко Миланов вели дека не му е јасно врз основа е донесена пресудата-дали за тоа што се случило на „27 април“ или пак за протестите „За заедничка Македонија“.

Ова пресуда покажа дека имаме дежурни сведоци, дежурни лица кои даваат искази и се главни за предметите.Тоа е Александар Василевски-Нинџа на кој уште еднаш му се поклонува верба покрај сите факти што ги изнесе одбраната-вели Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.