Околу 50 Македонци кои живеат и работат во Австралија пред македонскиот конзулат во Мелбурн ги запалија грчкото и бугарското знаме и фотографиите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Скандираа пароли и носеа исклучиво знамиња со Ѕвездата од Вергина. Некои од демонстрантите носеа заштитни маски на лицето.

Знамињата и фотографиите ги полеаја со бензин.

Сплотени, координирани во Македонија и светот ќе можеме да ја отргнеме северната обвивка надвисната над нашите мисли и глави, се вели во пораката од овие протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.