Интерпретацијата на македонската химна од страна на Тамара Тодевска, при што, намерно или не, беа изосѕавени имињата на македонските револуционери, беше тема на разховор и на денешната пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашање новинар: Во врска со вчерашниот настан на Денот на независноста на САД, беше испеана химната без имињата на Гоце Делчев,Питу Гули и Даме Груев Сандански, како го коментирате ова

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ целосно го осудува нецелосното интонирање на македонската химна и изоставувањето на македонските херои кои што ги содржи оригиналниот текст на химната. Се чини дека изведбата на химната, односно нејзиното интонирање од страна на Тамара беше начин да е удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани изминатиот период а на сметка на државните и националните интереси, а овој пат на македонско-американското пријателство кое што е од стратешко значење за долгорочниот развој на Република Македонија. Ова е неприфатливо и е пример што се може да произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, со чувствата, со националните и идентитетските обележја. Добро е што во моментот што Тамара од своја страна се извини, но она што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од страна на власта и на премиерот а која во подолг период на срамен начин се доведуваат во прашање сите идентитетски обележја важни за Македонија и за народот. Со оваа влада за жал станавме општество кое што на дневна основа се доведуваат под прашање најсветите чувства на македонскиот народ.

Новинарско прашање: Дали го гледате ова како некое мерење на пулсот на јавноста за некоја нова можна верзија без овие имиња?

Одговор: Како што слушнавме Тамара се извини, извинување пристигна и од власта меѓутоа многу извинувања пристигнуваат од страна на членови на владата и од „Илинденска“ бр.2, извинувања имаше и од Американската Амбасада. Реков станува збор можеби за грешка но, за осуда е нецелосното интонирање на химната и сето тоа токму во овој период на една креирана атмосфера каде што сите идентитетски прашања се доведуваат под знак прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.