15 кандидати денеска се интервјуираат за избор на 7 членови и претседател на Антикорупцикста комисија: Меѓу нив има и поранешни функционери, обвинители и правни експрети. Се чини најголемо внимание предизвика обвинителот Златко Биковски кој при денешното интервју изјави дека кога работел како обвинител за организиран криминал му се јавувале пратеници да прашуваат за предмети. Тој беше прашан и затоа што тој е обвинител во случајот „Пуч“, а за кого пред Советот за јавни обвинители се води дисциплинска постапка.

Поранешниот член на Дик и функционер во претходните влади, Тања Алтанџиева од присутните новинари и беше забележано дека била член на политичка партија. За Алтанџиева искоренувањето на корупција е далечна цел, а прво на кое треба да се работи, според неа, е да се врати имиџот на антикорупциската комисија

„Независно што сум била член на полтичка партија и предлог од политичка партија во високи државни институции, можам да гарантирам за високо професинално делување“, рече Алтанџиева на прашањето „Дали сте спремни за решавање на 53 случаи од кои дел се однесуваат на членови на извршната власт?“

За членови на Комисијата за спречување на корупција биле пријавени 80 кандидати, од кои, 22 лица не ги исполнувале условите. Најдоцна до 6 февруари треба да завршат сите интервјуа, наредниот ден да поминат на комисија, за на 8 февруари кандидатите да бидат ставени на гласање на пленарна седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.