Денес, мешовита владина група предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се одржани работни средби со општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

На средбите со градоначалниците Константин Георгиевски и Рамиз Мерко и општинските служби се разгледани работните верзии на Планот за управување со природно и културно наследство и Стратешка оценка на животната средина, два клучни процеси за долгорочна заштита на светското наследство.

За време на средбите се дебатирало околу критичните зони, режимите на заштита, како и временската рамка за усогласување на Планот и негово финално усвојување.

Од страна на надворешните експерти кои ја изработуваат Стратешката оценка на животната средина е порачано целите на Планот да бидат фокусирани кон контролирана урбанизација, зајакнување на управувачките капацитети на надлежните институции, заштита на природното и културното наследство,подигање на свеста и едукација, како и зголемена еколошка функционалност на крајбрежјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.