По вчерашното интервју на Зоран Заев за БГНЕС каде говорејќи за историскиот период од Втората светска војна тој вели дека имало некоја администрација во тој момент, но потоа Бугарија се покренала заедно со антифашистите борејќи се за слободата и демократијата, дека бугарските и македонските трупи ослободилe територии – Крива Паланка, Куманово, Скопскиот Регион, потоа дека Југославија ги држела разделени Македонија и Бугарија предизвика лавина од реакции кај голем дел од граѓаните.

Професорката Ана Павловска Данева на својот фб статус напиша: Секој политичар треба да има момент кога ќе подзастане и ќе се запраша: “Во што се претворив?”!

Исто така и професорката Билјана Ванковска за ова интервју на Заев напиша дека тоа што Заев го рекол за неа претставува велепредавство.

Лидија Поповска, од ДОМ поранешната пратеничка и коалиционен партнер на Зоран Заев, преку статус на Фејсбук пишува дека денешните изјави на Заев се национално и ментално самоубиство.

На ваквата изјава не остана рамнодушен познатиот Игор Џамбазов кој на својот профил напиша лажговци и манипулатори, фашисти и администратори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.