Од Институтот за национална историја реагираат дека евроинтеграциите на македонската нација не смее да бидат условувани со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии.

Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација – велат од Институт за национална историја.

Белгискиот историчар, Рејмонд Детрез, во интервју за „Дојче Веле“ вели дека изградбата на македонската нација во ништо не се разликува од другите, вклучително и бугарската.

Формирањето на бугарската нација, според „очевидци“ како Априлов, Раковски, Балабанов и други, почнало во 30-те години на 18 век и се совпаднало со реформите на османлиската држава познати како Танзимат. Петко Славејков не информира за првите манифестации на нешто како македонската национална идеологија во напис во весникот Македонија од 1871 година – вели Детрез.

Хрватскиот „Нови лист“ од Риека, пак, во анализа за македонско – бугарските односи пишува дека Грција и Бугарија при влегувањето во ЕУ ги прифатиле основните договори на Унијата и правилата за однесување, па затоа, се што се случува изминативе триесет години на релација ЕУ – Македонија е огледало на реалната состојба во Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.