Ѓорѓи Илиевски, Вишиот просветен инспектор и раководител на одделението за инспекциски надзор во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови ќе биде распределен на пониско работно место, односно деградиран објави „Факултети.мк“.

Според порталот, одлуката ја донел директорот на Државниот просветен инспекторат(ДПИ), Томе Спировски, откако дисциплинската комисија му ја предложил оваа мерка бидејќи Илиевски сторил прекршок.

Од Државниот просветен инспекторат за „Факултети“ велат дека дисциплинската комисија утврдила дека Илиевски сторил прекршок и со тајно гласање донела одлука со предлог за изрекување на дисциплинска мерка против него која гласи: „Распределување на работно место во непосредно пониско место“.

Никакво решение не ми стигнало на домашна адреса. Ниту од дисциплинската комисија, ниту ова за моето деградирање. Од вас слушам за ова. Секако дека ќе ја обжалам оваа одлука, како и начинот на кој беше водена целата постапка од страна на дисциплинската комисија – изјави Илиевски за „Факултети“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.