Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден надзор, откако двајца пратеници позитивни на Ковид-19 викендов гласаа во законодавниот дом со скафандери.

Според нив наздорот покажал дека претседателот на Собранието и службите целосно ги следеле протоколите за работа на седницата одржана на 18 април. Од страна на инспекторите бил извршен увид во работните простории на Собранието, канцелариите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите во кои работат вкупно 264 вработени.

Дел од надзорот биле и посебните простории во кои гласаа изолираните пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.