Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат не затекнале цивили на лице место во ковид центрите во државата по направените вонредни надзори изминатите денови. Во неделата цел на ненајавена контрола била тетовската болница по објавите и сведоштвата на социјалните мрежи дека членови на семејства и по трагедијата од осми семптември и понатаму се грижат за болните од корона. Контроли биле направени и во 12 модуларни објекти, но немало отстапки од протоколите.

– ДСЗИ може да реагира со своите правни механизми само ако има отстапки во моментот на надзор и се затекнат цивили однадвор. Не се затекнати такви лица во ковид центерите во кои посетите се забранети, вели др. Ирина Бухова Сотирова директор на ДСЗИ за „Сител“

Директорката на ДСЗИ повика да се работи на едукација кај населението дека во установи каде има забрана за посети тоа мора доследно да се почитува.

-Тој што е таму е потенцијален пациент и потенцијален преносител на заразата. Мора да се почитуваат одредбите, вели Бухова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.