Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) почнува вонреден инспекциски увид за да утврди евентуална одговорност за случајот во Куманово.

ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор утврдува дали има одговорност за случајот со Куманово. Во рамки на своите надлежности, Инспекторатот ќе направи увид секаде каде што е потребно. Меѓутоа, многу е рано да зборуваме за исходот или за тоа кога може да се заврши увидот, вели директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова за „360 степени“.

Синоќа министерот за здравство Венко Филипче рече дека остава на инспекторатот да утврди дали има одговорност кај градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, бидејќи на средбата со владините претставници во средата не кажал дека бил тестиран за коронавирус.

Димитриевски, пак, изрази зачуденост за коментарот на Филипче дека не знаел дека тој е тестиран и доколку би знаел би постапил поинаку. Тој потенцираше дека негова работа е да ги знае овие информации па го запраша зошто резултатите на корона тестот доцнат толку многу време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.