Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, направиле увид на посочената локација. Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено, како што се посочува во соопштението, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ б.б.

Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на 10 јули во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваат 210 литри на час отпадна вода која е безбојна. Исто така е извршен визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 кубни метри на час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.