Безбедносен ризик за американскиот државен секретар Мајк Помпео во Република Македонија претставуваат новинариот и снимателот на „Инфомакс“ Александар Митовски и Борислав Стоилковиќ, оценило Минситерството за внатрешни работи.

Митовски за себе вели дека не е осудуван и нема досие во МВР. Никогаш не бил поврзан со терористички групи или ќелии.

Сѐ додека можеа да се справат со моите новинарски прашања, да релативизираат и да манипулираат со одговорите, немаше никаков проблем. Напротив, дури им одевме во прилог, за да може власта да прикаже привид на слобода на медиуми. Овие од „Инфомакс“ нѐ прават салата, како што рече еднаш премиерот, ама ние ги пуштаме на пресови. Но, во моментот кога прашањата станаа сериозни, индицираа вмешаност токму на премиерот во најголемата корупциска афера во историјата на независна Македонија, тогаш станавме безбедносен ризик иако не бевме запосетата на папата ниту за Столтенберг, на пример. Јасна е намерата, да се изолира „Инфомакс“ и да се етикетира. А скледното се знае – ќе ни биде забранет влез и во Владата, вели Митовски за „Репиублика“.

Побаравме одговор од МВР за тоа што ги прави Митовски и „Инфомакс“ „безбедносен ризик“, но до објавувањето на текстот не добиме поврат на прашањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.