Братот на Ел Чека, Блерим Амети денеска е нападнат од страна на Исмет Гури, посведочи мајката на нападнатиот, oбјави „АлсатМ“.

Нападот се случил непосредно пред почетокот на протестот организиран до семејството на Ел Чека. Како што сведочат очевидци на настанот, крв на рацете било забележано и кај мајката на Блерим, која се втурнала да го одбрани нејзиниот син од нападот на Исмет Гури. На местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристигнување на репортерските екипи.

Во еден од инцидентите беше повредена мајката на Ел Чека. Според нејзиното сведочење, таа вели дека биле нападнати од блиските луѓе на Али Ахмети.

Подека пак батот на Ел Чека вели дека еден од луѓето кој ги нападнал е Исмет Гури со неговите луѓе од ДУИ кои биле вооружени со пиштоли и ножеви.

Во видеото подолу, Весникот Лајм го пренесува моментот по нападот.

Протестот во Скопје се одржува на плоштадот Скендербег и со тоа протестите поттикнати од објавувањето на прислушуваните разговори на функционери на ДУИ, сега се преместуваат во Скопје.

Поранешни команданти и борци ОНА повикаа на масовно учество. Протестот е поддржан од неколку невладини организации, но и од многу албански интелектуалци и патриоти од земјата и од странство, пишува „Лајм прес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.