Собраниската Комисија за oбразование, наука и спорт во вторник ќе дискутира за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Овој Предлог закон предвидува името на Македонската академија на науките и уметностите да се промени во „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.

Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, продложи точката да се симне од дневен ред, но неговиот предлог не беше усвоен. Повеќе детали за овој предлог закон може да погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.