Мислам дека треба да се почитува правото и треба да се има поголема доверба на граѓаните во институциите во земјата и затоа мислам дека е важно да се обрне посебно внимание на решавање на овој тип на случаи за граѓаните да стекнат поголема доверба во институциите, рече амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј одговарајќи на новинарско прашање, како го коментира случајот со Сашо Мијалков, дали е тоа слабост на институциите или како што изјави премиерот Зоран Заев дека системот покажал способност за решавање и на вакви случаи.

Амбасадорката Галовеј при денешната посета на Штип истакна дека нејзината земја ќе биде силен поддржувач на нашата земја во однос на правосудниот сектор.

Ќе продолжиме да работиме да видат граѓаните дека правдата треба да излезе на виделина и сите овие случаи да бидат решени. Мислам дека реформите коишто се направени и оние закони коишто се донесени сега се во добра состојба. Меѓутоа, треба да се види како ќе бидат тие имплементирани, вели Галовеј.

Амбасадорката денеска е во официјална посета на Општина Штип, при што оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, како и со советниците во Советот на Општина Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.