Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека има лице кое јавно на суд во завршни зборови кажа дека сите рекетирани пари завршиле таму и таму.

Мицкоски додаде дека кога има ваков случај мора надлеѓните еднаш да делуваат, но тоаа не се случи.

„Замислете, јавниот обвинител не се дрзна да ги повика тие лица да посведочат каде завршиле тие пари, дали завршиле кај нив, кај посочените лица“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека треба да бидеме чесни и така да постапуваме. Мицкоски го повика Заев кога цитира нешто да биде доследен и да кажува точно и се како што било.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.