После долги докажувања и дебати, добро е што повеќе никој во Македонија не го спори фактот дека осумината пратеници гласаа во парламентот за уставните измени под притисок и уцени. Меѓутоа сосема е погрешно тврдењето дека тој притисок доаѓал само од СЈО и Катица. Точно е дека дел од нив (Бетка директно, Авирович индиректно) имаа зорт, беа со обвиненија кон нив или нивни блиски, чести судења, но пратениците кои требаа да гласаат не беа во притвор. Да потсетам дека паралено со судските процеси на СЈО, во тоа време одеше и судењето за настаните од 27 април. Обвинителка беше Вилма Рускоска, а првообвинети беа ,,вратарите”: Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов. Тие беа притворени. Сите се сеќаваме како дента кога беше гласањето на волшебен начин, овие беа ослободени и донесени во парламент да гласаат, а подоцна беа и амнестирани од било каков прогон, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

Логично се поставува прашањето, тогаш обвинителкава постапувала ли независно и по словото на правото и законот или добивала политички нарачки и директиви. Имало ли договор помеѓу Рускоска и Заев ,,услуга за услуга”, јас тебе ти ги ослободувам пратенициве да ти гласаат, ти мене ќе ме поставиш за шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, па за понатаму ич не се секирај, се ќе биде ок? Затоа ли сега Заев од кога видовме како ги ,,обрале” со Боки Тредичи бизнисмените се труди да ја задржи токму Вилма да го води случајот Рекет?, прашува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.