Министерот за надворешни работи Никола Димитров порача дека случајот „Рекет“ мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не, како што вели, дигање раце.

Tоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција (СЈО) во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за “рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките – напиша Димитров на фејсбук.

На крајот, тој посочува дека ниту имал средба, ниту фотографија, ниту склучил меморандум со првоосомничениот Бојан Јовановки – 13, истакнувајќи:Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.