Алијанса за Албанците ќе прати писмена понуда до партиите Беса и Алтернатива со цел да ги повика на предизборна коалиција, најави вечерва по завршуавњето на Централното претседателтво, партискиот лидер Зијадин Села.

Тој истакна дека оваа понуда е всушност стар договор.

-Ова е став кој датира од вториот круг на локалните избори кога сме пружиле рака и сме се договориле дека кога и да има нови изборите влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии. За нас дадениот збор е важен поради конзинстентноста и сериозноста и пред граѓантие, не е за лични потребни туку за јавен интерес. Да донесеме демократија во албанското општество во Македонија , бидејќи тоа ни фали веќе 18 години со оглед дека живееме во политички монизам, изјави Села.

Алијансата за Албанците ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.