Со кого се слушнала Катица Јанева пред да и го одземат телефонот и дали имало обид да се приведе и таа во понеделникот? Од Јавното обвинителство велат дека се уште се работи на вештачењето на нејзиниот телефон, но и дека не се точни пишувањата дека имало налог за приведување на Јанева. ТВ 21 објави разговор со ОЈО

ТВ21 – Дали е веќе извршено вештачење на телефонот на Катица Јанева?

ОЈО – Не, се уште не извршено вештачењето.

ТВ21 – Дали се пронајдени разговори на Јанева со Боки 13?

ОЈО – Тоа во овој момент не може да се потврди од причина што тие дејствија се во тек, од кои што треба да се утврдат повеќе факти

ТВ21- Каде се јавила Јанева пред да и го земат телефонот?

ОЈО – Се уште не е утврдено, се уште се работи

ТВ21 – Дали постојат видео снимка на која се гледа како Боки 13 е на состанок со сведокот од овој случај и потоа телефонски и се јавува на Јанева и ја вклучува и неа во разговорот со сведокот?

ОЈО – Обвинителството може само да потврди дека поседува видео снимки, но за содржината не можат да се споделат детали.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на новинарско прашање дали Јанева во понеделникот пред да и го одземат телефонот разговарала со поранешен висок дипломат и висок функционер од Владата, рече дека тој не се слушнал со Јанева.

„Може да прочитаме се и сеште. Јас можам да кажам за себе дека не сум се слушнал со Катица Јанева. Јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом е земен само телефонот не е правен претрес за да видат дали постои конекција односно докази за нејзина инволвираност или соучесништво со првоосомничениот или е навистина само злоупотребена во оваа работа“, изјави Зоран Заев – премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.