Шпанскиот премиер Педро Санчез на премиерот Зоран Заев на вчерашната средба во Њујорк, му рекол дека шпанскиот парламент, сепак, би можел до крајот на ноември да ја заврши процедурата за ратификација на пристапниот протокол за НАТО, брифираат од кабинетот на премиерот.

Санчез не успеа да формира влада поради што земјата ќе оди на нови избори на 10 ноември што, пак, се чинеше го прави невозможно ратификувањето на протоколот пред Самитот на НАТО во Лондон закажан за 3 и 4 декември годинава.

Ако се оствари сценариото што Санчез вчера му го кажал на Заев и ако во меѓувреме заврши ратификацијата на пристапниот протокол во сите други земји, Македонија на Самитот во Лондон би можела и официјално да биде промовирана во 30. членка на Алијансата.

Во ниедна од другите шест држави во кои не е завршена ратификацијата засега нема најави дека тоа нема да се случи до Самитот на НАТО во декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.