Старо-новата влада на СДСМ не нуди ништо ново за граѓаните. Зоран Заев и неговите министри освен што ги лажат граѓаните не прават ништо и ги следат сопствените интереси и интересите на партијата за ништо друго не се интересираат. И тоа е очекувано затоа што и во оваа Влада и воопшто во тимот на Заев има само транзициски кадри од деведесеттите како Радмила Шеќеринска, Дамјан Манчевски, Јани Макрадули. Тоа се луѓе кои се олицетворение на затворање на фирми, оставање на граѓаните без леб, тоа се луѓе кои правеле и прават само криминал, корупција.

Радмила Шекеринска е лицето кое од деведесеттите години живее на грбот на граѓаните, поточно од народни пари, ништо не сработила освен што од деведесеттите реди партиски функции и функции во државните институции. Таа почнува со претседавач на Централниот одбор на партијата, како и со низа други партиски функции меѓу кои и претседател на владината на социјалдемократите. Но, не изостануваат и функциите за кои зема народни пари. Од 1998 во неколку наврати е пратеник во македонското Собрание, извршува министерски и вицеприемиерски функции. Веројатно Шекеринска ќе остане како најнеспособниот политичар бидејќи е позната по дебаклот што како лидер на партија го доживеа она и социјалдемократите во 2008 година со усвојување на само околу 233 илјади гласови.

Во тимот на Заев е и Дамјан Манчевски кој исто така нижи функции во партијата и државата. По конфликтот во 2001 година следат низа, а функции во државните институции како член во Советот на град Скопје по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ. Манчевски седел и во пратеничкото столче во еден мандат, по што заминува во извршната власт. Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016.
Оливер Спасовски се прослави со министерување во МВР, како и технички премиер и пратеник во Собранието од 2006 година. Имено во 2016 бил технички премиер и на двата пати ја извршува функцијата технички премиер.

Правникот Спасовски вршел низа на функции претходно како советник на градоначалникот на Куманово и секретар во општина Куманово. Во два мандати беше и пратеник или како и сите од неговата партија живее главно од народни пари.

Наспроти СДСМ и Заев кој нудат стари и истрошени кадри од транзицијата ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат промени и нови кадри кои ќе донесат големи успеси на ВМРО-ДПМНЕ како и за целата држава. Тој на вчерашната прес конференција посочи дека новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори како што рече „против мафијата која уценува, притиска, која тепа неистомисленици, мафија која што поткупува и која што е се освен политичари“.

Во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ се магистер Гордана Димитриеска – Кочоска, која што беше заменик технички министер во Министерството за финансии, Д-р Рашела Мизрахи, која што едно време беше технички министер за труд и социјала во владата,магистер Стефан Андоновски,кој што досега беше советник во неговиот кабинет,доктор Марија Андоновска,која што е докторанд на Стоматолошкиот факултет, член е и доктор Олга Лозаноска која е и пратеник, Дафина Стојановска, која што и досега беше член на ИК во партијата, инаку пратеник во Собранието, доктор Вело Марковски, професор Трајко Славески, Владимир Ѓорчев, полковникот Драган Ковачки,Коце Трајановски, доктор Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Се работи за нов тим луѓе кои својата шанса ја добиваат за прв пат, но и покажале сила за промени и откинување на оној дел на ВМРО-ДПМНЕ кој претставува расчистување со хотелската коалиција која е синоним за соработка и лошото владеење на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.